ПРИРОДЕН ЕЛИКСИР

Празот има долги, сплеснати, зеленкасти листови. Подземниот дел е бел, меснат и задебелен. Аромата е порафинирана од сродните растенија. Расте до половина метар.

Бидејќи празот е во групата со лук и кромид, сличен е на сродниците. Содржи повеќе белковини, бета-каротин и витамин Ц. Свежиот праз е одличен извор на манган, железо, фолна киселина, витамините Ц и Б6. Со варењето се намалуваат витамините и минералите. Варен е добар извор на манган, железо, фолна киселина и витамин Б6. Се јаде свеж. Со готварска подготовка нема драстичен губиток на микронутриентите. Да се зачува свежината се препорачува да се стави во жешка, наместо во студена вода. Напролет се користи за прочистување на организмот.

Поволно влијае на здравјето. Го помага метаболизмот како превенција на малигни заболувања. Го подобрува одбранбените системи. Содржи елементи кои се како природни антибиотици, за пад на крвниот притисок, јакнење на имунолошкиот и кардиоваскуларниот систем и за намалување на холестеролот. Тој ги активира ензимите за детоксикација.

Богатството од етерично масло поттикнува лачење на соковите за варење, кои добро влијаат на излачувањето на мокрачата.

Loading