ПРЕПОКРИВАЊЕ НА ЦРКВАТА СВ. НИКОЛА ВО МАРИОВО

Завршена е конзервацијата на фрескоживописот на црквата Св. Никола во селото Манастир во Мариово за годинава. Привршува и препокривањето на овој божји храм. Ова е дел проектот на Заводот и Музеј Прилеп, за што се одделени 3,5 милиони денари. Паралелно се градат и страничните тремови што ги немаше досега.

Црквата Св. Никола е значаен храм кој годинава одбројува 750 години од градбата на проигуменот Акаки, кој бил значајна монашка личност, историска за средновековната Охридска архиепископија.

Сликањето на фрескоживописот бил почнат во 1266 и завршен во 1271 година. Останат е целиот ентериер со огромно значење за македонското средновековно сликарство. Фрескоживописот, што се заштитува, е од константинополската школа со посебни карактеристики, евидентирани само во неколку цркви во Македонија. Манастирот претставува културно, духовно и општествено средиште на регионот. Тоа го потврдуваат и поновите археолошки истражувања.

Loading