НАГРАДА ЗА КРСТЕВСКИ ВО КОРЕА

На 10-тиот меѓународен фестивал на современа карикатура и стрип во Кореа награден е македонскиот стрип автор и карикатурист Златко Крстевски. Делата се изложени во Сеул, а потоа ќе бидат дел од постојаната колекција на современа карикатура и стрип .

– Изложбата е традиционална. Доминираат современи сатирични цртежи и стрипови, и тоа во оригинал. Покрај мене, се уште двајца македонски автори. За жал, секогаш повеќе сме ценети надвор отколку дома – вели Крстевски.

Тој ја претставува Македонија под уставното име од 1991 година. Доказ се каталозите од учеството во над 500 изложби, антологии, фестивали и сликарски симпозуми.

Loading