БИТОЛЧАНИ НАЈДОБРИ МА МТФ “ВОЈДАН ЧЕРНОДРИНСКИ”

“И коњите ги убиваат, зар не?” на Битолскиот театар  е победник на 55-от МТФ “Војдан Чернодрински”.

Покрај наградата за уметничко остварување во целост, битолскиот театар се закити со награди за режија на Мартин Кочовски и за музика на групата Фолтин. Наградата за севкупен уметнички ангажман на режисерот и на актерите отиде за претставата “Мојот маж” во режија Нела Витошевиќ на Драмскиот театар од Скопје. Наградата за рекламен материјал ја доби Борче Димитријоски за “Едвард раце ножици”, наградата за кореографија и сценски движења замине кај Игор Киров за претставата “Едип коментари” на Штипскиот театар.

Роза Трајчевска – Ристоска ја добива наградата за костимографија за костимите во претставата “Мојот маж”. Наградата за сценографија и припадна на Ивана Кнез за претставата “Глембаеви” на прилепскиот театар. Наградата зз современа сценска драматизација ја добиваат Нела Витошевиќ и Викторија Рангелова -Петровска за драматизација на колажот од раскази на Румена Бужаровска во претставата “Мојот маж” на Драмскиот театар. Нашиот актер Исидор Јованоски е добитник на наградата за млад актер “Трајко Чоревски” за улогата на Оливер Глембај во “Глембаеви” на прилепскиот театар. Наградата за млада актерка ја освои Сабина Мемиши за улогата Олга и наградата за женска епизодна улога ја доби Гентиана Рамадани за улогата Ина во претставата “Мурлин Мурлов” на Албанскиот театар. Наградата за машка епизодна улога “Димче Трајкоски” отиде во рацете на на Горан Стојаноски за улогата Силвестер во “Крик за љубов” на Охридскиот театар. Наградата за главна машка улога се додели на Јордан Симонов за улогата Филип во “Мој термин” на МНТ, додека наградата за главна женска улога на Наталија Теодосиева за неколкуте ликови во “Мојот маж” на Драмскиот театар.

Завесата на 55-иот МТФ “Војдан Чернодриски” се спушти со изведбата на омажот “Драмски за Конески”.

Loading