ЧУДО Е МАРТИН АНГЕЛЕСКИ

Стрелаштво

Суперталентираниот стрелец на СК Херој Прилеп, Мартин Ангелески, блесна на силниот меѓународен турнир во Белград. Со воздушната пушка собори два рекорда за два дена. Прво гаѓаше во јуниорска конкуренција и погоди 610,1 круга за нов јуниорски државен рекорд. Потоа се испроба и во сениорска конкуренција каде погоди 608,8 круга за нов сениорски државен рекорд, Излезе чудно, но вистиното: – јуниорскиот е повисок од сениорскиот рекорд! Одлично гаѓаа Ирина Јованоска (605,5 кај сениорките) и Магдалена Ристеска (596,7 кај јуниорките).

Можност за одржување на формата е турнирот ,,Опен Македонија,, в сабота, во стрелиштето од Центарот за култура ,,Марко Цепенко,,.

Loading