ПО 17 ГОДИНИ – НОВ ТРЕНЕР

Борење

Досегашниот борач и тренер, младиот Теодор Темелковски е нов шеф на Стручниот штаб на БК 7 Мај. Го пополни празното место, по оставката на Саше Игнатовски, кој беше главен стручњак во изминатите 17 години откога постои клубот. Темелковски почна успешно. На меѓународниот турнир во Радовиш солидно се претставија Матеј Димитриоски, Андреј Тренкоски, Стефан Аризанкоски и Кристијан Аризанкоски, а блеснаа со медали – Тамара Цветкоска со бронзен, Ангела Трајкоска и Барбара Стојкоска со златни.

Следен предизвик за Темелковски и неговите борачи е Балканијадата во Ксанти, Грција.

Loading