СОЛИДНО ИГРААТ, ИАКО ПАУЗИРАА ДОЛГИ 5 МЕСЕЦИ

Фудбал – жени

По  5 месеци, поради протоколите за првенствените натпревари, почна новото издание од Првата женска фудбалска лига. Фудбалерките не се најдобро подготвени, но не се предаваат и даваат се од себе. Сите вложуваат максимум, растрчани се по теренот, и играта е, сепак, со преодна оценка.

На теренот со вештачка трева во Прилеп беше мечот од 2. коло меѓу Деспина и кумановска Речица. Гостинките аутсајдери, а дадоа отпор. Поведоа со голот на Маја Стојановиќ во 19. минута. Домашните се мачеа да израмнат до 25.минута, а потоа ја презедоа играта. Во 32. минута веќе беше 2:1. Двата гола ги даде Теодора Јанковска. Во второто полувреме серијата од 3 гола ја почна Јана Чубриноска, па Јанковска го даде својот трет гол, на крајот печат стави капитенот Катерина Милеска за високи 5:1 за Деспина.

Во претходното коло Деспина со 6:3 го совлада Атлетико во Битола, а во наредното му гостува на Скопје.

Loading