ЕФИКАСЕН ПРИРОДЕН ЛЕК ЗА КОЛЕНО

Болката во коленото настанува од различни причини. Може да потекнува од зглобот или од околните тетиви и мускули. Може да биде изразена при движење, но кај некои болести се јавува при мирување. Кај повеќемина се јавува при движење, кога се става притисок на болната нога. Болката која се јавува при мирување е сериозен симптом и потребна е консултација со лекарот.

Болката може да биде проследена со оток на зглобот, а при дегенеративни болести на коленото се јавуваи крцкање при одење. Останати симптоми се топлина и црвенило.

Постојата три природни лека за болка во колено. Првите два се лековити облоги кои се ставаат наизменично десет дена. Третиот лек е здрава смеса која треба да се јаде додека трае лекувањето. Рецептите се употребливи и за други зглобови во телото. За 10 дена поминуваат болките во коленото. Лекот помага и му нема сличен.

Со консумирање на моќната мешавина, болките брзо минуваат.

1. Потребни се 3 состојки кои ги има дома. Достапни се и секој може да направи лек за зглобови. За 10 дена резултатите се видливи. Домашната облога брзо и ефикасно ги ублажува воспалителните процеси и делува аналгетски. Потребни се 2 – 3 чешниња лук, сок од еден лимон, малку маслиново масло. Се пасираат чешњињата лук до паста и се потураат со сокот од лимон. Се соединуваат во смеса која се употребува како облога. Ако остане од лекот, се користи наредниот ден. Се чува во фрижидер. Смесата се става на газа и се нанесува на болното место на коленото, претходно премачкано со маслиново масло. Се остав да делува половина час, а потоа се мие коленото. За максимална ефикасност, облогата се нанесува двапати дневно во период од 10 дена.

Лековита облога од камилица од која зглобовите брзо заздравуваат. Камилицата има антивоспалително дејство и помага во лекување на болните зглобови при ревма и артритис.

2. Потребни се 4 филтер ќесички чај од камилица, 250 мл. врела зовриена вода. Во чаша се ставаат ќесичките чај од камилица, а потоа се преливаат со претходно зовриената вода. Се поклопува да стои 20 минути. Потоа, повеќеслојна газа се натопува во чајот и се става како облога на зафатеното место. Газата се менува по потреба.

Лек за регенерирање на оштетеното ткиво на коленото и враќање на еластичноста.

3. Потребни се 2 лажици желатин, 3 лажици суво грозје, 4 лажици сусам, 8 лажици ленено семе, 40 гр непечени семки од тиква, 200 гр органски мед. Сите состојки се блендираат до хомогена смеса. Се консумира по една лажица, трипати на ден, пред оброците, на тој начин што мешавината од семиња ќе ја измешате во млака вода или јогурт.

За неколку седмици се чувствуваат резултатите. Коските и зглобовите стануваат посилни. Јајакн и имунитетот, а метаболизмот се нормализира.

Loading