АПЧИЊА ЗА ЗДРАВИ

Секакви ветувања слушаме од кандидатите, а недостасува уште мед и млеко по улиците.

x

Не е добро да имаш толку многу имот што тој не може ниту да се попише.

x

Крадецот и ограбениот имаат заедничка историја.

x

Најдобар ти е оној со кој можеш да зборуваш како со себе.

x

Велат дека хероите од минатото не можат да се вратат, а си мислат дека ќе владеат бескрајно.

x

Вистината не може без мудроста.

x

Уништените паркови не можат да се заменат со паркчиња.

“Д-р Хаџи-Васков”

Loading