ГРАДОВ Е ДОМАЌИН НА ТРИ СВЕТСКИ КУПА

Моделарство

Воздухопловниот клуб Фил феникс, предводен од директорот Здравко Тодороски, за осум дена ќе организира три светски купа. На 2 октомври е ,,Трофејот на Прилеп,, а на 3 октомври ,,Македонија куп,,. Натпреварите се во воздухопловно спортско моделарство, во повеќе дисциплини и возрасни категории. Ќе се одвиваат на Спортскиот аеродром. Домашните моделари (Диме Велкоски, Симона Тошеска, Анастасија Пожарска, Дарко Пожарски и другите) ќе влезат во силна конкуренција со гостите од Бугарија, Србија, Босна и Херцеговина, Турција и други земји.

Третиот светски куп е ,,Феникс дрон рејсинг,, на 9 и 10 октомври.

Loading