Секој ден е ден од вечноста.
х
Учење од копии дали е копија од учење?
х
Излезот треба да се обезбеди уште при влезот.
х
Не ме видел никогаш во животот, ама дава оценки за мене.
х
Секој расте, но ретко кој успева да се надрасне
х
Подлизурковците на крај страдаат од подлизуркованите.
х
Наместо ново нормално можно ли е ново ненормално.
“Д-р Хаџи-Васков”