СЕНЗАЦИЈАТА СЕ ВИКА ШК ПРИЛЕП!

Шах

Во првите 4 кола одлични резултати има екипата на ШК Прилеп во Струга на Европскиот клупски куп. Постигнатото е над очекувањата, бидејќи составот е еден од најмладите на натпреварот: .Дејан Ѓорѓиески (46 години), српскиот интермајстор Драшко Бошковиќ и Марјан Дамчески (по 39), Горан Готовуша (35), останатите се тинејџери – Алекс Насков (19), рускиот интермајстор Глеб Дудин (17), српскиот интермајстор Стефан Тадиќ (17) и индискиот велемајстор Домарају Гукеш (15). Последниве тројца и Бошковиќ редовно се на првите четири табли. Во првото коло со 4:2 го совладаа австрискиот Рапид, во второто со 4,5:1,5 фаворитот, норвешкиот Оферспил (каде отсутен беше светскиот првак Магнус Карлсен), потоа беше очекуваниот пораз со 0,5:5,5 од рускиот Медни всадник, но веднаш следеше победата од 3,5:2,5 над францускиот Асниерес. Во средата беше дуелот со српската Рума вчера и денеска се последните две кола.

Целта е пласман во горната половина меѓу 38 екипи од Европа.

Loading