САМО СКОПСКИ ЕКИПИ СЕ РИВАЛИ НА ПРИЛЕП

Ракомет

Распоредот на машката ракометна Супер лига сакаше екипата на Прилеп да има само противници од Скопје, во првите 4 кола. Во првиот меч беше минималниот пораз на гости од Бутел (28:27), потоа убедливата победа дома над фаворитот Металург (28:24), па поразот (31:28) од Пролет во Скопје. В недела е уште едно гостување, кај новиот суперлигаш, Скопје. Дури во 5. коло е дуел со битолски ривал, Еурофарм Пелистер 2, дома.

Женската суперлигашка екипа Деспина со 37:24 го совлада Кузман Вардар во Скопје, а во 2. коло му гостува на Чаир.

Loading