ПОЖАРСКА ПО ДОЖД ЗЕДЕ МЕДАЛИ ОД МОСТАР

Воздухопловно спортско моделарство

Особено се вредни високите пласмани и медалите освоени во странство. Тоа им успеа на членовите од ВСК Фил феникс на светските купови во воздухопловно спортско моделарство во Мостар, Б и Х. Во дисциплината модели во слободен лет кај јуниорите, одлично се покажа Анастасија Пожарска. При облаци, дожд и ветар, успеа да освои два медала. Прво, на светскиот куп ,,Меморијал Изет Курталиќ,, стигна до 2. место и среброто, а наредниот ден, на светскиот куп ,,Мостар куп,, го зеде највредното – златото. 

И во сениорската конкуренција прилепчаните умешно ги управуваа моделите за висок пласман. На првиот куп легендарниот Диме Велкоски влезе во финалето и заврши на 4. место, додека на вториот куп младата Симона Тошеска се избори за 4. место. Придонес кон генералниот пласман даде и четвртиот член на прилепскиот клуб, Дарко Пожарски. Така, во рангирањето по држави, Македонија е втора меѓу 6 репрезентации – зад Б и Х, а пред Србија, Словенија, Бугарија и Данска.

Следните светски купови се на 2 и 3 октомври во Прилеп.

Loading