РЕОБНОВУВАЊЕ НА „ГЛЕМБАЕВИ“

Претставата ,,Глембаеви,, варијација на драмата на Мирослав Крлежа, во режија на Бранко Брезовец, повторно на репертоарот од театарот вечерва од 19.30 часот. По речиси  две години од премиерата, ќе може да се гледа интересната, атрактивна претстава, според протоколите за заштита од корона вирусот, односно со задолжителна потврда за примена вакцина или прележан ковид во рок од 45 дена.

Глембаеви зборуваат за пропаѓањето на една голема капиталистичка фамилија, за тоа колку тешко настанала големината на таа фамилија, како со лукавство се одржувала и како перверзно пропаднала. Во време на денешната тајкунизација, која владее со сите транзициски простори од Балтикот до Солун, темата на оваа драма, се чини клучна за храбриот влез во вибрирањето на театарската современост и непобитна актуелност.

Глембаеви едноставно не се реалност, туку фикција, евентуално равенство со компоненти на стварност, но со резултанти на фикција.

Композитор е Никола Мицевски, сценограф Ивана Кнез, костимограф Сузана Брезовец.

Loading