ТРИ ТЕШКИ МЕЧА ЗА РК ПРИЛЕП

Ракомет

Почна првенството на ракометната машка Супер лига, каде учествува и екипата од РК Прилеп. Во првите три кола, три тешки меча за составот на тренерот Горан Кузманоски. Во неделата и покрај водството од 2 гола разлика, доживеан е минимален пораз (28:27) од фаворитот Бутел во Скопје. Во средата прилепчани првпат беа во улога на домаќини, Прилеп – Металург (28:24), а серијата продолжува викендов. В недела е гостувањето во Скопје, кај Пролет, екипа која претходно направи подвиг, совладувајќи го фаворитот Металург. Дури во 4. коло Прилеп има, барем на хартија, полесен противник – новиот суперлигаш, РК Скопје.

Женската екипа Деспина првиот првенствен меч од Супер лигата го има в недела, кај Кузман Илинден во Скопје.

Loading