ОСТАВКА НА ИГНАТОВСКИ

Борење

,,Гром од ведро небо,, одекна во Борачкиот клуб 7 Мај. Во клубот, откаде досега се редеа само успеси на домашната и меѓународната сцена, се случи оставка. Од функцијата шеф на Стручниот штаб се повлекува еден од основачите пред 17 години, Саше Игнатовски.

– Одлуката не е секундарна, туку размислував повеќе од две години. Моите цели беа во 2020 година да имаме прилепско дете на олимпијада, а ние не можеме да однесеме ни на балканско првенство. Не се спорни резултатите, со една импровизација успеавме да имаме наши репрезентативци, го освоивме вторпат Купот во женско борење. Но, 17 години си играме борење, не го работиме како што треба – смета Игнатовски.

Оставката е условена и може да се повлече ако состојбите се подобреле до Нова година.

Во меѓувреме, клубот настапи на меѓународен турнир во Скопје, каде највреден, златен медал освои Тамара Цветкоска.

Loading