Ин мемориам – ЗБОГУВАЊЕ СО КОСТИЌ

In memoriamНа 70 години животот го заврши Радомир Костиќ, некогашен тренер на машката екипа  на Тутунски комбинат. Под негово водство во сезоната 2001/02 екипата стигна до 3. место во Супер лигата, а го постигна и најголемиот успех во клупската историја – пехарот од Купот на Македонија. Во финалето, во Универзалната сала, со 23:20 совладан беше битолски Пелистер. Есента 2002 година за малку ќе беше достинато четвртфиналето од Купот на европските куп-победници, со оглед на елиминацијата за само 1 гол разлика од белградски Партизан.

Костиќ е некогашен голман на Дубочица и репрезентацијата на Југославија.

Loading