Зарем има и градители кои на денот кога треба да се предаде објектот поставуваат камен – темелник!?
x
Ако сите околу тебе се слепи не се надевај дека ќе прогледаш.
x
Петлите рано пеат, пеат и на пладне, ама лошо ќе бие ако воопшто не пеат.
x
Сонцето ги грее сите, но многумина очекуваат да ги огрее некој конкурс.
x
Ако очекуваш да ти простат прво прости си ти самиот.
x
Кога сите се загледани во ништо, секој ќе каже дека гледа – нешто!
x
Ретко се поклопуваат мудроста на главата и срцето.
“Д-р Хаџи-Васков”