ЖЕНСКАТА ЕКИПА НА ПРИЛЕП Е ФАВОРИТ ЗА ТИТУЛАТА

Шах

Во Охрид се одржува Женското екипно првенство на Македонија во шах, каде учесници се Алкалоид, Кисела Вода, Гамбит, Центар (Скопје), Гостивар, Куманово, Неготино и Прилеп. Највисоко е рангиран Алкалоид, веднаш до него Прилеп. За Прилеп настапуваат: ВМ Ана Бендерац, ИМ Маја Величковски – Нејковиќ (двете од Србија), ФМ Билјана Веруш, Јустина Дутка (Полјакинка со наш пасош), Викторија Велеска и Теодора Велева. Во средата беше мечот со Неготино, вчера со Гостивар, денеска против Центар, а в сабота со Алкалоид. Овој меч решава за титулата. До крајот се дуелите против Кисела Вода, Гамбит и Куманово.

Претходно машкиот тим на Прилеп го освои 4 место со 8 бода, низ поразите од шампионот Алкалоид и од Гостивар, нерешените со Куманово и Гамбит, победите над Карпош, Центар и Анпасан.

Loading