НЕ БЛЕДНЕЕ СТУДЕНЧИЦА

Zivot za suviot Prilep

Сликата е фрагмент од повеќегодишниот грандиозен зафат за снабдување на Прилеп со вода од пред повеќе од 40 години. Се инсталира огромниот цевковод, долг 70 километри од кичевско до Прилеп, за да се згасне жедта.

За жал, неколку наврати затаи природата. При недоволно вода, заигра политиката. Уште е камен на сопнување проектот, вреден денешни над сто милиони евра, а беше токмен за конечно обезбедување на градот со вода. Граѓаните со радост ја чекаа водата. Осум година одделуваа самопридонес да немаат суви славини. И работниците кои ги поврзуваа цевките една по една, метро по метро, километар по километар, не работеа само за плати. Туку и за мисијата – живот. Се сменија приликите. Низ цевките одвреме навреме тече повеќе политика од вода.   

Loading