ТРЕНЕР, А НЕ АРТИСТ

Историја

Летото 1991 година, кога се наѕираше распадот на Југославија, фудбалските екипи имаа невидени маки за подготовки за учество во првенствата. Третолигашот Победа не можеше да најде противник за пријателски меч. Првиот, договорен со Црвена звезда од Крагујевац, пропадна оти гостите, враќајќи се од Охрид, не застанале и заминале дома. Откажаа Силекс и други екипи. Тренерот Зоран Чолаковиќ беше разочаран.

– Немаме противници, не можеме да работиме, а се бара прво место. Тренер сум, а не артист. Не можам да глумам, ако ја нема работа – рече Чолаковиќ.

Првенството во Третата лига не се доигра.

Loading