ДВА МЕЧА ЗА ДВА ДЕНА!

Ракомет

Во подготвителниот период секој контролен меч е добредојден, па ниедна понуда не се одбива. Машкиот ракометен суперлигаш Прилеп одигра два меча за два дена. Во вторникот, во Маврово беше 37:32 за скопскиот суперлигаш Пролет. На полувреме безмалку израмнето, само 18:17 за скопјаните. Во средата вечерта, прв меч во Прилеп, во салата ,,Ричко,, меѓу Прилеп – Охрид. Претходно, во Маврвово, Еурофарм Пелистер 2 беше подобар со 31:24. Следен меч е со Голден арт КЛ7 од Скопје.

До каде е формата ќе се знае дури по турнирот ,,Миле Нешкоски,, кон крајот на август.

Loading