ПРОФЕСИЈАТА МЕ ИЗБРА МЕНЕ

Оливер Ангелески, фотограф и камерман

Oliver Angeleski

Оливер Ангелески (49) професионален фотограф, сопственик на продукција, веќе 29 години е професионално со фотоапаратот и со камерата. Преку курсеви во седмо одделение се дружел со фотоапаратот. Продолжил да биде дел од Фото кино клубот. Ги откривал тајните на фотографијата. Афинитетот го надградувал како камерман во првата прилепска телевизија. Ја совладал ,,подвижната слика,, и создал сопствена продукција да биде посветен целосно на професијата.

Вели дека професијата го одбрала него, а не тој неа.

-Мнгу години сум професионално со фотапаратот и камерата. Со времето се усовршував, осознавав, креирав новитети. Постојано ги следам новите технички достигнувања, бидејќи светот се менува . Во спротивно, се заостанува и не може да се фати чекор со последните фото трендови. Фотграфијата е уметност со правила на камерата. Најважно е да ги почитуваат. Порано беше  мајсторство да си фотограф. Оти се снимаше на филм, па се развиваше, немаше корекции, како сега со дигиталната техника – вели Оливер.

Според него, фотографијата овековечува моменти, а камерата дава дејство.

-Со фотографијата се оставаат траги, а со камерата движење, дејство. Фотоапаратот е момент. Камерата е подвижна слика. Најважно е поставувањето на цел, Се токми ,,нишанот,, објективот, да се поентира. Сé  има своја убавина. Повеќе ми лежи камера. Во ерата на дигитална техника секој е фотограф. А таму, колку луѓе, толку табиети. Некои ја разбираат фотографијата, а некои заскитале. Грабнале фотоапарат и ,,станале,, фотографи без трунка дарба. Некои се ,,прават,, мајстори на фотографии создадени со мобилен. Тоа е далеку од естетика, талент. Потребна е посветеност и труд – објаснува Оливер.

Продукцијата, Фан продукција Оливер Ангелески реализира проект посветен на 30 годишнината од незавиноста на Македонија. Задоволен е од сработеното. Останува делото да живее меѓу прилепчани.

-Проектот беше од фотографии, документарни филмови и виртуелни прошетки по спомен обележјата. Подготвена е изложба од 50 фотографии од куќата на Кузман Јосифоски – Питу, од Меморијалниот Музеј 11 Октомври, популарниот Участок и од Паркот на револуцијата. Создадовме три документарни филмови и 360 степени виртуелни прошетки на објектите. Геаѓаните не треба да ги заборават овие значајни споменици на културата, а младите да се запознаат со историјата, настаните знаменитостите. Без прошетка да ги видат музеите, да го освежат минатото и да се гледаат поставките. Виртуелните тури 360 се внесени на гоогле мапс. При интернет посета на интернет, секој може да прошета виртуелно низ музеите. Беше предизвик, оти не смееше друго да се користи, освен она што е во моментот. Имаше моменти каде што не е добро надворешно, ама мора да се реализира. На пример, Могилата најдобро е да се снима на пролет, ама беше нужно сега – истакнува Оливер Ангелески, потенцирајќи дека следен предизвик е надминувањето на корона кризата, бидејќи продукциите работат со многу луѓе во еден момент.

Loading