ГО НАДМУДРИЛ АРАМИЈАТА

Некој си прочуен арамија слушнал за итроштините на Итар Пејо. Решил да го испроба во својот, арамискиот занает. Го нашол в чаршија и му предложил да го научи да краде.

-Добро, -му одговорил Пејо, мислејќи во себе дека не е лошо човек да знае нешто повеќе, и тргнал со арамијата.

Подкраднале што подкраднале ситни работи по чаршијата, отишле и в село. И таму украле по некое јагне, јаре, кокошка, јајца и арамијата видел дека ќе го бидува Пеја и решил да го подложи на најзрелиот испит па му рекол:

-Го испече донекаде мојот занает, но треба уште нешто да ти кажам и да те испробам. Ако излезеш како што треба, ќе ти дадам диплома од занаетот. Ондека на врбана има страчкино седелосо јајца, на кои лежи страчката. Гледај ти како ќе ги украдам јајцата, а да не сети страчката и да летне.

Се качил стариот арамија, го продупил седелото одоздола и ги украл сите јајца на страчката без да го забележи и да летне.

Во тоа време Пејо се качил по него. Дури арамијата занесен во кражбата, Пејо му ги одврзал бечвите и полека му ги изтргал, та слегол и ги скрил во трњето крај врбата. Кога слегол арамијата и се видел без бечви, му ја подал раката на Пеја и му рекол:

-Дај ми ги, Пејо бечвите и оди ми си со здравје. Го положи и овој испит одлично.

Така Пејо добил уште еден занает, но никогаш не го користел, зашто не бил арамија во душата.

Loading