АМАЛИ СРЕДЕ ЧАРШИЈА

Kolicki mesto amali v carsija

Старата чаршија секогаш била најжив дел од градот. Дуќанџии, занаети, мајстори, калфи, чираци. Центар е трговијата и занаетчиството. Секој муабет, секоја новина, секој абер кинисувал од чаршиските сокаци, за на крај, пак тука и да заврши.

Дел од градското јадро биле и носачите, амалите. Тие се  симбол на подалечното минато, на чаршискиот дух од што денес има остатоци. Амалите биле нишката меѓу центарот и периферијата. Со тело подвиткано од големиот товар, со наведнати глави, од пот оросени чела и поглед вперен пред нивниот чекор, чесно и достојно ваделе леб и бркале работа. Амалите пренесувале секаква стока, пред налетот на механизираните превозни средства. Конкуренција им биле запрежните коли, а сега количките и таксистите.

Амалите не се спомен само за оние кои сведочеле со своите очи. Останата е само поговорката “товарен ко амал”, која се користи за претоварени граѓани, кои се враќаат дома од пазар.

Loading