ОСУМ ПРИЈАТЕЛСКИ НА ПРИЛЕП

Ракомет-мажи

Подготовките на машкиот ракометен суперлигаш Прилеп се во втората фаза, низ одигрување пријателски мечеви. Во Маврово со Еурофарм Пелистер 2 беше 31:24 за битолчаните, а в сабота противник на истото место е скопски Пролет. Закажани се дуели со Охрид и Голден арт КЛ7, а на крајот од месецов е Турнирот ,,Миле Нешкоски,,. Вкупно се 8 меча, оптимална бројка за дотерување на формата и вклопување на засилувањата – левиот бек Христијан Милошески (Бутел) и десниот бек, Србинот Жарко Барјактаревиќ (Јуниор КВ).

Првенството почнува на 8 септември.

Loading