ПУБЛИКАТА ОЧЕКУВА ПОБЕДА ДА ВОДИ 2:0 ДО 20 МИНУТА!

Фудбал

Малку треба за да падне расположението кај дел симпатизери на Победа. По поразот дома со 0:2 од Охрид, се слушнаа критики од трибината. Но, други се спротивставуваат и не го забораваат одличното издание со скопски Вардар. Така, дилемата е – која е вистинската Победа?

– Како тренираш, така играш. Минатата недела многу послабо трениравме, имавме вакцинација на играчите. Добро трчаме, пресинг имаме, затвораме, а би требало да поправиме нешто во завршницата. Неискуството ни е проблем. Прилепската публика не е навикната Победа да губи дома. И – ако е можно, до 20 минута да водиме со 2:0. Тежнееме кон тоа – вели Дарко Крстески, тренерот.

Во средата имаше женски дуел меѓу Деспина и Саса.

Loading