ПЕЈО, ОТКАЈ УМРЕНИТЕ

Дошол Итар Пејо од Маријово во Прилеп и зел да оди по сокаци. Оди и вика:

-Јаз идам од кај умрените, бре, е-е-еј!

Излегла една Анка:

-Од кај идиш?

-Идам од кај умрените!

 -Го знај’ш Авмед наш?

-Го знај’м. Тој је на голем завмет. Страда за пари!

Анката зеде едно ќесе со вранги и му го даде и рече:

-Тија пари да му и дајиш на Авмеда и да му речиш: ,,Многу здраоживо имаш од мајка ти Анка и татка ти Расим,,.

Си дошол агата, татко му на Авмеда, дома. Анка, радосна, му кажува:

-Денеска идеше од кај умрените Итар Петар. Го прашав за Авмеда наш, како поминује кај умрените? Тој ми рече, к’ је Авмед бил на голем завмет. Страдал за пари. Му дадов едно ќесе вранги.

-А, мори, будало! Од кај умрените бидува ли човек да иди? Извај го којно од пондила, дај ја пушката и сабјата, да го встасам!

Итар Пејо ошол кај еден воденичар. Се пулил надзад, кај шчо ќе го встаса агата, и му вели на воденичаро:

-Го гледаш агана шчо иди? Теб’ те бара, ќе те отепа!

-Шчо да правам, кај да се кријам?

-Качи се горе на тополана. Ко че дојди, че му речам: ,,Неје туа воденичаро,,.

Воденичаро се качил брго на тополата и се скрил, а Итар Пејо се избрбешкал во брашното, се сторил воденичаро! Дошол агата и го праша Итар Пејо:

-А, бре, воденичар, да ли го виде Итар Пејо кај отиде?

-Ене, онамо замина – со прсто покажувајчи на тополата, кај шчо бил воденичаро скријен.

Се опулил агата угоре во тополата:

-Ах’, ене го горе!

Агата го врзал којно, ги собул чизмите, а сметнал капата, а остаил и пушката и сабјата, и зел да се качува на тополата. Дури се качил Турчино до полу на тополата, Итар Пејо обул чизмите, запнал сабјата за појас, кла’л капата на гла, зел пушката на рамо, јавнал којно брго и летнал да бега! Отуа побегнал малку место и викал:

-Јаз сум Итар Пејо, тој што оди од кај умрените, тој горе на тополата је воденичаро!

-А, бре, ќерата, певзенек! Тој каурин и мене ме излага!

Отуа си дошол агата дома. Го праша Анка:

-Аго, шчо напрај? Камо ти го којно?

-Му í дадов на Итар Пејо и којно, и сабјата, и пушката, и чизмите, и капата! Ко је Авмед наш на толку голем завмет на оној свет, му требе  нешчо да има!

 Така а излагал жена си. Обајцата останале излагани!

Loading