ГОСТУВА ШАМПИОНОТ

Жени

Женскиот фудбалски шампион на Македонија, Саса од Каменица, ќе гостува на прилепска Деспина, в среда, на Игралиштето со вештачка трева. Тоа ќе биде четврта и најдобра проверка на формата за екипата на новиот тренер Диме Аџулески. Шесте нови веќе се вклопуваат. Претходно беше поразот со 2:3 од велешки Борец, победите – 3:2 над Истатов од Дојран, 5:1 со тетовски Љуботен.

Првенството наместо на 8 август, почнува недела-две подоцна.

Loading