ШАХОВСКИ УСПЕСИ

Излезе од печат книгата ,,Дописниот шах во Македонија,, од шах-мајсторот Љубомир Хаџи-Манев. Покрај другото, книгава дава исцрпни податоци за учеството и успесите на нашите дописни прилепски шахисти Д-р Благоја Дамески и М-р Васко Дамески. Прилепската јавност не била во можност да ги дознае досега овие податоци.

Д-р Б. Дамески настапил 24 пати за шаховската репрезентација на Македонија. Освоил 19,5 поени, односно 81 проценти на успех, што според пишувањето на авторот е еден од најуспешните играчи на шаховската репрезентација на Македонија. Д-р Б. Дамески двапати играл како како член на шаховската репрезентација на Југославија. Имал две победи против шаховската репрезентација на Советскиот Сојуз. Во книгата има и известување од Меѓународната шаховска федерација дека Б. Дамески одиграл 16 партии на меѓународни турнири со постигнат рејтинг од 2308 и освоена титула  – мајстор.

М-р Васко Дамески одиграл осум партии за шаховската репрезентација на Македонија, на младинска табла и освоил одлични 6,5 поени.

На поединечното пионерско првенство на Југославија во 1987-88 година Васко Дамески беше носител на првото место и стана пионерски шампион на Југославија во дописен шах.

Во книгава може да се најде информација од Меѓународната шаховска федерација дека В.Дамески постигнал солиден рејтинг 2125 и добил титула   кандидат – мајстор.

Прикажани се неколку партии од нивните настапи, за кои авторот вели дека пленат со својата убавина и ги оценува како вистинска шаховска романтика.

Вљубеници во шахот, Елена и Дино Дамески

Loading