Прилеп сити
Фудбалскиот клуб Прилеп сити прослави 10 години во присуство на фудбалери, членови на Управата и пријатели. Тренерот и основач, Коста Мирчески е задоволен.
– Една сезона бевме блиску до врвот, второ – трето место на табелата од Првата лига на ОФС Прилеп. Не сме оптоварени со пласманот, туку целта е да ги собираме младите и талентираните. Најголем успех е тоа што толку време опстојуваме – смета Мирчески.
Клубот и наесен ќе учествува во Општинската лига.