И КАТАСТРОФАЛЕН ПОРАЗ Е ОД ПОЛЗА!

Историја

Екипата на Победа во финалето од Купот на Македонија, на 20 мај 2000 година, среде Прилеп загуби од Слога Југомагнат со катастрофални 0:6. Пораз кој не се заборава, но беше од полза само по 80 дена подоцна. На 10 август прилепскиот тим гостуваше во Крајова, кај романскиот претставник во претколото од Купот на УЕФА, Универзитатеа. Домашните беа фаворити и се очекуваше висока победа. Но, се случи сензација, 1:1, со израмнувачкиот гол на Николче Здравески во последната минута. На прес-конференцијата тренерот Флорин Марин беше лут, оти добил погрешна претстава за противникот, со денови гледајќи ја снимката каде прилепчаните примија 6 гола.

– Не е фер, добивме снимка на која немаше ништо од овие квалитети на Победа – се пожали тој.

На реваншот Победа победи со 1:0, пак со гол на Здравески, и така стигна до меч со италијанскиот гигант Парма.

Loading