СУБВЕНЦИИ ЗА АМОРТИЗЕРИ, ЈАБУЧИЦИ И БАНДАЖИ?!

ВМРО – ДПМНЕ: СДСМ ГО ПРЕСПА МАНДАТОТ

Reakcija na VMRO - DPMNE za Kejot 1  maj

Иронично е СДСМ да држи пресконференции за инвестиции во патна инфраструктура. Оние кои го преспаа мандатот, оставајќи го градот со огромни кратери и во кал, се фалат дека биле посветени и граделе модерна и современа патна мрежа. Граѓаните сведочат, како во минатиот период, претрпеа штети по возила, возејќи по разурнатите патишта, кои се распаѓаат благодарение на негрижата на градоначалникот Илија Јованоски и локалната власт.

Дали Илија Јованоски и Советот предводен од СДСМ, ќе им пуштат повик за субвенции на граѓаните за смена на амортизери, јабучици, бандажи и слично, и со тоа ќе им ја надоместат претрпената штета? Прашуваме дали и кога ќе биде изграден кејскиот ѕид кој со сериозна сума беше ветен во развојната програма? Како ќе изгледа улицата ,,Кеј 1-ви Мај,, без ограден ѕид?

На Локалната власт од СДСМ í остануваат нешто повеќе од 3 месеци. Жално е што на пресконференциите уште ја користат добро познатата ,,ќе,, реторика, дека ќе направеле нешто, ќе реконструирале и рехабилитирале голем дел од постојната патна мрежа и ќе ги уредувале тротоарите со бекатон плочки.

Наместо да се расфрлаа пари во неколку милионски проекти, можеа да ги средат напоредно повеќето проблеми на граѓаните, вклучително и оние во патната инфраструктура.

За среќа, доаѓаат локалните избори на кои СДСМ ќе бидат катастрофално поразени. Потоа се обврзуваме заедно, да го надоместиме изгубеното време од владеењето на СДСМ и да го вратиме Прилеп во полн сјај.

Loading