НОВА УЛИЦА И ЅИД НА КЕЈОТ 1.МАЈ

Се подобрува патната инфраструктура

Gradonacalnikot na uvid na Kej 1  maj

Со изградбата на целосно новата ул. ,,Кеј 1.Мај,, почнаа градежните активности за подобрување на патната инфраструктура во општинава.

-Новата улица е долга 650 м. ќе се гради кејски ѕид од 170 м. Почнаа работите и на ул. ,,Целе Мавроски,, долга 320 м.. Претстои изградбата и на ,,Цане Илиески,, и ,,Трајко Николоски,,. Четирите улици ќе бидат комплетни со цела инфраструктура. Претстои реконструкција и рехабилитација на многу други улици во градот и селата – изјави градоначалникот Илија Јованоски, најавувајќи ги интензивните работи на патната инфраструктура летниов период.

Ќе се реконструираат улици со површина од 22.000 м2, што опфаќа нивно тампонирање и асфалтирање, како и рехабилитација, односно гребење и асфалтирање на 18.000 м2. Се поставува бекатон плочки на тротоари на 5.500 м2. Се уредуваат на тротоарите на ул. ,,Тризла,,. Ќе се нивелираат 160 шахти низ улиците.

Со реализација на сите градежни активности, значително ќе се подобри патната инфраструктура.

Loading