ОД ВТОРО МЕСТО НАДОЛУ НИШТО НÉ НЕ ИНТЕРЕСИРА!

Фудбал – Порака од Победа

Девет дена траат подготовките на Победа за претстојната второлигашка сезона. Расположението е присутно од првиот тренинг на кој по долго време се вратија убавите слики од минатото. Како некогаш се тренираше на Градскиот стадион, во присуство на најверните навивачи и водечките луѓе од клубот. Оптимизам има кај играчите, тренерите и кај Управата.

– Го решаваме проблемот со стадионот. Во новата сезона стартуваме на овој објект. Ќе ми биде мило да има посетители. Се надевам дека и новите генерации ќе навиваат за омилениот тим. Финансиската конструкција е при крај, иако уште има потешкотии. За табелата, нé не интересира ништо подолу од второ место. Нé интересира само првото место. В година, со нови планови –  вели претседателот Емил Јанески.

Пристигнаа засилувањата: играчите за врска – Бојан Спиркоски и Игор Момировски и стоперот Дарко Дигаловски. Се чекаат уште три-четворица. Серијата пријателски мечеви стартува в сабота со Детонит од Радовиш. Претстојат со Братство Житоше, Беса, Тиквеш, Вардар, Охрид и Воска.

Loading