ДОНЕСОА БЕК ВИСОК КОЛКУ СТАТИВАТА

Ракомет

Ракометниот суперлигаш Прилеп се засили со уште еден странец. Тоа е Србинот Жарко Барјактаревиќ. Настапува на дефицитарната позиција, десен бек. Се служи со левата рака. Висок е колку голот, 197 см. Настапувал за Раднички од Крагујевац, Железничар од Ниш, Металопластика од Шабац, Врање и за Јуниор Кисела Вода од Скопје. Многумина го поздравија неговото доаѓање.

– Браво! Само напред! Да се врати стариот сјај на прилепскиот ракомет – напиша Драган Василески, некогашен претседател на РК Тутунски комбинат.

– Одлични потези на Управата. Странец, но млад и со одличен потенцијал. Уште да земете бек што игра во два правца, и голман, и директно во плеј-офот – порача Игор Котевски, ракометен тренер, поранешен репрезентативец.

Клубот веќе го доведе левиот бек Христијан Милошески, прилепчанец од Бутел. Продолжени се договорите со левиот бек Давор Шокоски, десното крило Реваз Чантурија – капитенот, левото крило Христи Бикоски и пикерот Александар Тренчевски.

Loading