Изложба
Нашиот уметник Атанас Атанасоски, кој од рециклирани материјали создава уметнички дела, инсталации, повторно се претставува во ликовната галерија од ЦК ,,Марко Цепенков,,. Овојпат тоа е инсталацијата ,,Пејзажни фасцинации,,. Идејата е продолжение на претходните со кои се бараат естетиката на хармонизирање на соживотот меѓу природата и човекот.
-Можност за нов пристап кон уметничкото изразување, кое поради растечките еколошки и социјалните проблеми станува порелевантно и социјално ангажирано. За жал, пластиката за еднократна употреба е дел од секојдневието, а количините од овој отпад постојано се зголемуваат и сериозно ја загрозуваат почвата и водите. Рециклирањето и воспоставувањето системи за управување со пластичен отпад е од витално значење за заштита на животната средина. Се надевам дека мојот проект за кој користам употребени пластични шишиња ќе потикне решение за овој глобален проблем – вели уметникот Атанасоски.