ЃУМБИР И КАРАНФИЛЧЕ ПРОТИВ ХОЛЕСТЕРОЛ И ТРИГЛИЦЕРИДИ

gumbir

Чајот од ѓумбир е напитокот за слабеење спремен за помалку од 10 минути. Ја намалува надуеноста на стомакот, ги спречува симптомите на астма и бронхитис и спречува таложење на мастите во артериите. Во комбинација со каранфилче се добива уште посилен и природен лек.

Ѓумбирот е ризница на витамини, минерали и антиоксиданти. Лутникавиот корен се користи повеќе од 5000 години. Превентива е за многу болести. Се комбинира со други состојки за подобрување на лековитоста. Најчесто со слаткарче, куркума, ловоров лист, цимет, а посебно со каранфилче. Оваа комбинација ја подобрува работата на цревата и помага во намалување на вишокот килограми. Чајот од ѓумбир и каранфилче го јакне имунитетот, спречува настинки и грип, ја ублажува кашлицата и болката во грлото. Помага при болки во коските и зглобовите, особено на оние кои страдаат од остеопороза и реума. За ревматски болести, се додава и цимет. Помага за пад на високиот холестерол и триглицеридите. Ја прочистува крвта. Комбинацијата на ѓумбир и куркума ги чисти крвните садови. Чајот од ѓумбир и каранфилче помага во забрзување на метаболизмот и брзо топење на салото, а со тоа на намалување на вишокот килограми. Прави целосна детоксикација на организмот и ја регулира работата на цревата.

Редовното консумирање влијае на брзо опоравување од болестите. Доволни се 2 чаши дневно да се почувствуваат придобивките.

Loading