ЃОРЧЕ ПЕТРОВ НЕ Е ЗА „ПРИВАТНА ЗАБАВА“

ВМРО ДПМНЕ

Квази патриотите, односно оние кои го забетонираа македонскиот идентитет, име, нација, јазик и култура, повторно си организираа “приватна забава”, спонзорирана од парите на граѓаните. Имено оние кои ветуваа живот за сите и без поделби, не само што дополнително ги поделија луѓето, туку се однесуваат како да имаат ексклузивно право над великаните, кои пак секојдневно ги распродаваат со разно – разни договори, анекси…

Градоначалникот Илија Јованоски, заборавајќи дека е градоначалник на сите граѓани, обземен од желбата за втор мандат, за да го дозапусти градот, си организирале положување на цвеќе на споменикот од Ѓорче Петров по повод 100 годишнината од неговата смрт.

Тоа е бедно и ниско однесување, жално покажување на патриотизам и грижа за прилепските великани, од кои секојдневно се откажувате и ги отстапувате на други држави. Срамно за ЛС да не вклучува други претставници во одбележувањето. Или сметаат дека се неприкосновени владетели  врз граѓаните!!!

Цвеќе за стогодишнината од убиството на Ѓорче Петров

cveke za gorce

Одбележана е стогодишнината од убиството на револуционерот Ѓорче Петров. Делегација на локалната самоуправа, претставници на Советот и СОУ ,,Ѓорче Петров,,, положија цвеќе пред споменикот на Ѓорче во центарот на градот и пред спомен-плочата на неговата родна куќа во населбата Варош.

Ѓорче Петров загина во атентат пред еден век во Софија.

Loading