ЗАСИЛУВАЊА ЗА ПРВА ЛИГА

Победа

Активен е фудбалскиот пазар. Се бара, се нуди, се разговара, преговара, се купува. Во лето изборот е најголем. За секого има по нешто. Второлигашот Победа одлучи за тројца нови, Бојан Спиркоски, Дарко Дигаловски и Игор Момировски. Треба да бидат засилувања за тимот што ќе се бори за пласман во Првата лига. Спиркоски е 26-годишен прилепчанец, со искуство од Чешка (Јихлава и Сокол), како и во повеќе домашни клубови – 11 Октомври, Турново, Брегалница, Лабуништа, Силекс и Велешта. Во Победа се враќа по 5 години. Игра како офанзивен за врска. Дигаловски е 24-годишен скопјанец, кој почнал во Металург, продолжил во Еуромилк, Брегалница, Тиквеш, Кадино, Плачковица и Саса. Настапува како стопер. Момировски е 20-годишен битолчанец, со настапи во Пелистер и Слога од Виница. Игра во средниот ред. Најавени се уште 4-5 нови играчи до почетокот на првенството во август.

Досега клубот го напушти само напаѓачот Дарко Грозданоски.

Loading