АНОНИМНА, А НЕ ЗНАЕ ЗА ПОРАЗ

Борење

Толку го омасовија женското борење во клубот 7 Мај Леов, што, безмалку, на секој позначаен настап се појавуваат нови девојки. Не само што се појавуваат, ами и победуваат. Така, на Меѓународниот турнир во Качаник (Косово) се истакна Ангела Трајкоска. На 13 години настапи во категоријата до 33 килограми и го освои првото место! Три борби низ три туша, сите во 1 рунда, на досега речиси непознатата и анонимна девојка. Во борењето се ,,заљубила,, на 8-9 месеци. Претходно настапувалао на Изборното првенство, каде беше прва. Клубот советува беза ,,кревање в облаци,, туку само работа и работа до напредок. На турнирот успешни беа и Марија Велјаноска (до 39 кг.) и Елена Дејкоска (42) освоија втори места, Тамара Цветкоска (54) и Барбара Стојкоска (65) трети места.

Со турнирите се добива самодоверба низ дуели со нови, непознати противнички и се тест на нивото до кое стигнале девојките. Наредниот настап е на 3 јули во Призрен.

Loading