Некоји селанец отишол на пазар меѓудругото да купи и сол. Човекот бил вешт, но со други мисли влегол во аптеката, без да погледа каде е. На шалтерот и прашал:
-Дали имате сол?
Уште не проговорено, некој помлад аптекар со вулгарен глас му одговорил.
– Сол бараш во аптека?
Селанецот почнал да се извинува што згрешил, а аптекарот му рекол:
-Оох, селанец еден, сол овде немаме!
Човекот излегол и по извесно време се вратил и прашал кај колегата на првиот аптекар.
-Дали имате сено за продавање?
Се погодил паметен аптекарот и му рекол
-Чичко, ова е аптека. Овде се продаваат лекови за луѓе.
-Знам – рекол мудриот селанец – но да ве прашам вас – и покажал на младиот аптекар, со што го раните оној вол, што пред малку рикаше по мене кога прашав дали имате сол?