ГРОЗДАНОСКИ ЗАМИНА, НО МОЖЕ И ДА СЕ ВРАТИ

Победа

На 15 јуни почна преодниот рок за фудбалерите, што значи ќе има новости и од второлигашот Победа. Според амбициите за највисок пласман, се и активностите на Управата, предводена од претседателот Емил Јанески и спортскиот директор Благоја Гешоски, Стручниот штаб со Дарко Крстески. Се настојува да се задржат квалитетните играчи, да се доведат седум-осуммина. Иако за младиот напаѓач Дарко Грозданоски е објавено дека заминал, од клубот се надеваат оти тоа не е нешто конечно, затоа што доколку не најде ангажман во Србија, можно е да се врати. Од друга страна, со тројца нови е постигнат договор, така што се очекува скоро објавување на нивните имиња.

Стартот на подготовките е на 30 јуни.

Loading