СТОТИНА ПРИЛЕПЧАНИ ВО БУКУРЕШТ

Европското не може без нашите сограѓани

Почна Европското фудбалско првенство, на кое, на наше огромно задоволство, учествува и Македонија. Првите два меча, со Австрија (пораз од 1:3) и синоќа (четврток) со Украина – се одиграа во Букурешт. На трибините од стадионот околу 5-6000 македонски навивачи, меѓу нив и наши сограѓани.

– Овде сме стотина прилепчани. Со дресови, знамиња, шалчиња, реквизити – навиваме. Гласот не го штедиме. Првиот меч го загубивме, се надеваме на бодови на вториот, со наша максимална поддршка. Каде е репрезентацијата, таму и ние. Цените на влезниците се 30, 50 до 100 евра – ни јави Јовица Релушкоски.

Третиот меч, со Холандија, е в понеделник во 18 часот.

Loading