БИЛКА ЗА ЧИСТЕЊЕ НА ПУШАЧКА АТМОСФЕРА

cveke

Со оваа билка ќе дишете со полни бели дробови, особено ако дома имате пушач или живеете на прв кат од зграда. Собната билка треба сите да ја имаме во собите во кои престојува, особено доколку живееме на прв или втор кат од зграда која излегува на улица, поради изложеноста на издувните гасови. Исто така, оваа билка успешно го неутрализира дел од штетниот чад на цигарите, па затоа, зелениот лилјан е најзастапен во домовите на пушачите. 

Постојат билки кои не се само убави и декоративни, туку се и корисни. Таква е и зелениот лилјан кој штити од секакви загадувања.

Благодарение на ова својство, чудесните зелени лилјани (хлорофитум) значително ја подобруваат микроклимата во нашиот дом. Оваа билка не бара некоја преголема нега и можете да ја чувате на светлина, но и на сенка. Ако е изложена на сончева светлина, хлорофитумот со времето ќе стане посветол, а линиите на неговите листови ќе станат поизразени и се многу декоративни. Додека кај оние што се под сенка, овие линии постепено исчезнуваат.

Многу ефикасно ги неутрализира материите штетни за човековиот организам, како што се фенол, бензен, формалдехид и други, кои во големи количини ги емитуваат современите материјали кои се користат за завршна обработка на мебелот од иверица. Ги апсорбира и издувните гасови. Затоа е неопходна за сите кои живеат на прв и втор кат. Хлорофитумот е неопходен и во кујната, бидејќи активно го впива јаглен-моноксидот.

Оваа билка е присутна во домовите кај оние што пушат, бидејќи зелени лилјани го неутрализираат чадот од цигарите. Билката делува изразено антимикробно и антибактериски.

Loading