СТРЕЛАШТВОТО ВО 1989

Историја

Два турнира во стрелаштво имаше преда празникот 11 Октомври во 1989 година. Прво, на стрелиштето Леково, се гаѓаше со малокалибарска сериска пушка. Настапија стрелци од југословенските градови збратимени со Прилеп. Победи Ваљево пред Прилеп и Јајце. Поединечно, најдобар беше Миломир Обрадовиќ (Ваљево), пред Жан Црнески (Прилеп) и Марко Секулиќ (Ваљево). При гаѓање со воздушна сериска пушка во Домот на културата учествуваа 13 клуба од Југославија. Екипно, во женска конкуренција, победи државниот шампион Вождовац од Белград, пред Аугуст Мајерич од Марибор и Херој Прилеп. Во машка конкуренција најдобри беа од клубот Аугуст Мајерич, пред Смедерево и Вождовац. На Херој Прилеп му недостигаа 2 круга за медал – погоди 1090 круга.

Домаќини беа Прилеп и Општинскиот стрелачки сојуз.

Loading