ЅИРКАЊЕ ВО „ПРАЗНА ГАЛЕРИЈА“

МЕТОДИ ИСКОВ НА МЕЃУНАРОДНОТО БИЕНАЛЕ НА МЛАДИ ВО СКОПЈЕ

Нашиот уметник Методи Исков со делото ,,Празна галерија,, се претставува на 13. Меѓународно биенале на млади уметници на отворено во Музејот за современа уметност во Скопје.

Делото е инсталација со повеќе репродукции на светски скулпторски класици поставени на постаменти. Сите се поставени во простор кој е обложен со ѕид од иверка. Скулптурите се гледаат преку мали отвори на ѕидот. Ѕидот кој ги обиколува скулптурите е метафора за бариерата која не дозволува да ја гледаме и разбереме уметноста во вистинската светлина. Затоа низ малите отвори се ѕирка, но не се гледа целосно. Фигуративноста интригира.

-Поттикнувам прашањата колку публиката ги разбира уметничките дела. Односно врската меѓу уметникот и публиката. Ако не е разбирлива, тогаш е ,,празна,, галерија. Следејќи ги каноните на претходниците, дали уметниците во антиката, средниот век, ренесансата, класицизмот, романтизмот, импресионизмот, експресионизмот…, подоцна ги надмиваат своите претходници и преку креирањето доаѓале до соодветните решенија – вели уметникот Исков.

Loading