БИТКАТА ПРОДОЛЖУВА

Ракомет

Напнато е во плеј-аутот од Супер лигата. Битката за опстанок можно е да трае до последното, 14 коло. Секој меч е важен. Реални шанси за опстанок има екипата Прилеп. По добиениот меч дома со 31:28 против скопски Работнички, во средата Радовиш – Прилеп (27:24). В недела тимот на тренерот Горан Кузманоски оди во Скопје, на пресметка со Јуниор КВ. Дури в четврток Прилеп игра пак дома, со Астраион од Струмица. Остануваат уште 4 меча.

Мечеви има и во Женската лига. Во средата Деспина – Куманово (15:32), а в четврток е тешкото гостување кај Вардар во Скопје.                                  

Loading