МЕГА БАСКЕТ – ДЕВЕТТИ

Кошарка

Прилеп во кошаркарскиот спорт е претставен со Мега баскет, член на Втората лига – Запад. Во штотуку завршеното првенство, пласиран е на 9 место меѓу 10 тима. Поразен е по двапати од скопските Чаир и Водно, тетовски Тетекс, битолска Хераклеа, Охрид, по еднаш од скопска Спарта, битолски Пелистер, Неготино и кумановска Ринија. Постигна победи против Пелистер, Неготино, Ринија и Спарта. Тренерите Сашо Костоски и Златко Ристески располагаат со претежно млади играчи: Стефан Костоски, Марјан Мурџески, Давид Настески, Давор Трајкоски, Иван Крстески, Давид Петрески, Благоја Здравески, Стефан Стевананџија, Филип Митрески, Ѓорѓи Илиески, Матеј Самарџиоски, Кристијан Домлевски, Марко Абрашевски, Дамјан Сребренкоски.

Мечевите дома ги играа во салата од ОУ ,,Добре Јованоски,,.

Првото место го освои Чаир.

Loading